Азманов: Боки 13 ми побара рекет од 50 000 евра

Бизнисменот Зоран Азманов обвинува дека со исконструирана приказна и злоупотреба на медиуми се прави обид за рекет врз него.

Обвинувањата на Азманов доаѓаат откако телевизијата 1ТВ објави дека бизнисменот се заканувал со смс пораки кон телевизијата поради најава за емисија на тема градежна мафија и се споменува и името на Азманов.

Азманов признава дека во една пораките напишал заканувачка содржина,но за истата се извинува и вели го сторил тоа во афект поради, според него, невистините кои се изнесувале на телевизијата. Тој на новинарите им презентираше и дел од смс комуникацијата со главниот уредник на телевизијата. Во една од пораките Азманов пишува: те сметав за сериозен и чесен новинар. Ме разочара. Еднаш велиш дека ти не си од овде, немаш врска, друг пат бараш пари за Бојан, трет пат кажуваш дека ќе си ми дал шанса да зборам за обвинувањата дека сум мафијаш и пред тоа веќе ме прогласивте за мафијаш“

Азманов е категоричен дека во своето работење не прекршил ниту еден закон, ниту бил во спрега со судии и обвинители како што се тврдело во најавата којашто е емитувана на телевизијата. Бара соочување со Јовановски и новинарите кои ја подготвуваат емисијата.

По обвинувањата од Азманов за обид за изнуда побаравме став и од Јовановски, но досега немаме одговор.

– Не го снимив разговорот, бидејќи не знам како се прави тоа, но го пријавив во полициската станица “Пролет# во петокот во 13:51 часот, изјави Азманов на вчерашната прес-конференција и додаде дека против сопственикот на телевизијата поднел и кривична пријава за изнуда и за изнесување невистини во најава за емисија во која го споменуваат како дел од градежна мафија.

Kanal5