Бачев: Нашето соопштение за МВР значело дека Единствена Македонија ќе ги убива одметнатите пратеници

На денешната прес-конференција, лидерот на проруската „Единствена Македонија“ – Јанко Бачев, обвини дека актуелната влада во борбата со неистомислениците повторно го враќа во мода вербалниот деликт од поранешна Југославија, со кој се санкционираше слободата на говорот. Овојпат, обвинува Бачев, е маскиран под името „говор на омраза“.

Бачев објасни дека полицијата го гони врз основа на партиско соопштение од 2 октомври, во кое Единствена Македонија алармирала за поткуп на пратеници во висина од 2 милиони евра по пратеник, како и дека пратеник од ВМРО-ДПМНЕ кој ќе гласа за промените на Уставот нема да стигне до државната граница при обидот за бегство од државата.

Според Бачев, ова МВР го протолкувала како закана дека партијата ќе ги убива одметнатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставните измени. За да биде апсурдот поголем, вели лидерот на партијата, на одметнатите пратеници не само што не им фали ни влакно, туку Канческа-Милевска добила и унапредување, и „секоја вечер шета како манекенка по писта по телевизиите, убедувајќи нé дека бришењето на сé што е македонско било за наше добро“.

Целосната изјава на Бачев и Единствена Македонија можете да ја погледнете на Макфакс.