„Барам продавач, плата 17 илјади денари“…Бизнисмените не можат да најдат стручен кадар, невработените не можат да најдат работа

„Кафе-бар, пекара, бутик, слаткара, продавница…од Скопје имаат потреба од келнери и продавачи со и без работно искуство. Потребно е да имаат завршено минимум средно образование, познавањето на англиски јазик ќе се смета за предност. Почетна плата 12.000 па до 17.000 денари “.

Иако на овие огласи би требало да се пријават многу луѓе, кои сакаат да заработат, во пракса се покажува дека нема доволно заинтересирани лица за оваа работа.

– Имам пекара, барам 3 продавачки на бели пециава, почетната плата изнесува 17.000 денари.На огласот кој траеше 15 дена се пријавија само две жени, вели спопственикот на една скопска пекара.

Слична е и ситуацијата по локалните кафулиња низ градот, како и во бутиците и продавниците.

-Потребно ни е дополнителен персонал. Плата е пристојна, а добро се заработува и од бакшиш.Но, на огласот за келенри кој е ствен од пред еден месец досега само едно момче се има пријавено, вели менаџер на познат кафе-бар од Скопје.

Имам дуќан за водовод и електрика барам продавач веќе три месеци, но никако некој да се нафати да работи. Ќе дојдат по ден два и пота сами се откажуваат. Почетна плата е 17.000 денари, објаснува Љубчо, сопственик на дуќан во Центар.

Очигледно младите повеќе сакаат да се гости во кафулињата и да се жалат како за нив нема работа отколку да се вработат.

Сопствениците на кафулињата велат дека најголемиот број на клиенти, дури над 70 проценти, се млади. На прашањето зошто поголемиот дел од денот го поминуваат во кафулиња, младите велат дека им станало навика.

Додека кафулињата се преполни со млади, податоците на Заводот за статистика за невработеноста кај младите се загрижувачки.

Невработеноста е по најголема кај младите од од 15 до 24 години возраст и изнесува 46,7 отсто. Токму оваа група е најприсутна по кафулињата. Според статистичките податоци, вкупно работоспособно население во земјава е 56,8 отсто.

Стапката на вработеност е 44,3 отсто, додека стапката на невработеност изнесува 21,9 отсто.

-Мизерни се платите, навистина не знам што очекуваат работодавачите, само ги искористуваат малдите, сметам дека моето дете е подобро да седи дома отколку да се мача да работи за толкава плата, вели Сања од Радишани.

Некој сакаат да ги лишат своите деца од секакви задолженија со цел да им го олеснат животот и да им угодат што е можно повеќе.Општо познато е дека сé што е чесно заработено, секое едно денарче е повод за пофалба.

-Мојот син има 20 години студира, јас и мојата жена не може да си дозволиме да му дадеме пари за одмор, така тој самиот ја увиде домашнта состојба , па реши да работи како келнер во еден скопски кафич.Сам ќе си заработи за одмор водено ќе сфати како е да се работи и да се трошат тешко заработените пари, вели Васко од Аеродром.

Девојка која студира веб дизјан вели дека има млади луѓе кои се способни иако се почетници, но праксата е потребна.

-Не треба да биде платата помалку од 30 илјади денари. Секој почетник колку и да учел не може да има многу знаење се додека тоа не го примени во пракса, но некако кај нас работодавеците ја немаат таа практика.Во странство, е повеќе платена – вели таа.

Невработеноста кај младите во Македонија е речиси двојно повисока од останатите и таа достига околу 40%. Од друга страна пак и неактивноста кај младите лица е значително повисока. Поголема невработеност има кај лица со завршено средно образование, споредено со лица со завршено високо образование.

-Мојот син заврши Машински факултет, работеше во неколку фрми.На последното работно место работеше хонорарно, му се отвори можност да замине кај својот другар во Германија.Во моментов работи во маркет, и чека подобра прилика за да си најде работа од својата струка, вели, Василка.