Брзи кифлички за појадок готови за 15 минути и секогаш успеваат

Направете брзи кифлички за појадок, вечер или мезе.

СОСТОЈКИ:

600 гр. брашно
1 прашок за пециво
1 лажиче сол
100 мл. масло
200 гр. кисело млеко
200 мл. топло млеко
1 сув квасец

1 лажица шеќер
1 јајце и сусам за горе

ПОДГОТОВКА:
Се меша брашното со прашок за пециво и сол, се додава масло и кисело млеко.
Се меша убаво сместа.
Се мешаат посебно млекото со сувиот квасец и шеќер, па се ставаат во готовата смеса.
Се меси тесто и се дели на 4 дела, па се развлекуваат малку деловите, се сечат триголници и се виткаат кифлички.

Премачкајте ги со јајце разматено и сусам по желба.
Се оставаат на премачкан плех и се печат 15 минути на 180 степени.