Даниел Дончевски – човекот што секоја парна година го фаќа крстот на Водици

Пред големиот христијански празник Водици, гостин на уредничката Анета Кочишки во отвореното Студио 1 е Даниел Дончевски, кој од 2008 скока по крстот фрлен од Камени Мост и до сега имал среќа да го фати пет пати.

-На 19 години решив првпат да се појавам на оваа манифестација, Богојавление-Водици. Првиот скок по осветениот крст ми го донесе и првпат во рацете. Сѐ почна оттаму. Години наназад сум член на групата верници што учествува на манифестацијата. Дури сега, кога ќе ги вратам сликите, чудно е како на секоја парна година крстот е во мои раце. Од друга страна, тоа е традиција што ја чекам со душа, и јас и брат ми од мали сме воспитувани така од нашите родители, раскажува Дончевски.

Целиот разговор погледнете го во видеото.