Државата ќе враќа ДДВ назад кај граѓаните – По 30.000 денари за секое семејство:

Владата на Зоран Заев во следниот период се очекува да ја активира новата мерка со која 15 проценти од платениот ДДВ, ќе го враќа на граѓаните.

Еден од начините како да се вратат парите кон граѓаните е преку враќање на 15 % од платениот ДДВ од нивните потрошувачки сметки. На посебна картичка ќе се регистрираат парите од вратениот данок. Таква картичка ќе има секој граѓанин.

За секој купен производ или искористена услуга за коишто државата наплаќа ДДВ преку фискалните сметки, 15% од вкупниот платениот износ за ДДВ ќе се враќаат на сметка на граѓаните.

Па така според пресметките би дошла една одлична сума од околу 30-тина илјади денари просечно за секое семејство во Македонија.

Со плата плус дома, луѓето ќе можат да испланираат годишен одмор, или детска соба за своето дете, или ќе покријат некоја кредитна картичка или дел од заостанат долг.

Премиерот Зоран Заев на прес конференција начелно го најави овој Закон дека ќе биде донесен уште во 2019-та година.