Еве зошто Каракамишева беше повикана во полициска станица

Во полициската станица на разговор е повикана професорката Тања Каракамишева Јовановска.

Ја пријавиле од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Таа преку социјалните мрежи информираше дека денеска e повикана во полициска станица на разговор поради поднесена пријава против неа за предизвикување омраза врз национална, расна, верска и друга дискриминаторна основа.

„Само што излегов од полициска станица Центар. Вчера тројца полицајци ги вознемирија моите малолетни деца носејќи ми покана дома да се јавам денес во 11 часот во станица “под сомнение дека сум сторила кривично дело од чл.394-г од КЗ, Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”, пишува таа.

Таа порача дека никој нема да ја замолчи и заплаши. За неа ова е прогон како што пишува на Фејсбук.