(ФОТО) Марија Шерифовиќ има своја двојничка во Скопје ?

Одамна постои тврдење дека секој човек на светот си има свој двојник.

Неодамна на каналот ТЛЦ имаше и емисија по тој повод – беа најдени најсличните двојници во светот.

Е, според тоа и популарната Марија Шерифовиќ си има своја двојничка и тоа во Скопје. А, ја запозна неодамна при нејзиното гостување во емисијата „Вечер со Тијана“ на „1тв“.

Станува збор за Марија Чоневска (која коинциденција дури и името им е заедничко) која во телевизијата работи како организатор или продуцент, според светските професии.

Се запознале кога Марија пред неколку дена била гостинка во емисијата „Вечер со Тијана“.

Погледнете ја нејзината реакција…