Голем број Срби на улиците за пречекот на Путин: Се слуша „Путине, Србине!“ (ВО ЖИВО)

Огромен број граѓани од цела Србија попладнево излегоа низ улиците на Белград во знак на поддршка на претседателите на Русија и Србија, Владимир Путин и Александар Вучиќ.

Граѓаните што шетаат низ главниот град на Србија носат транспаренти „Спасба пресидент“ и „За слободна и пристојна Србија“, а се слуша и „Путине, Србине!“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ му рекол на рускиот претседател Владимир Путин откако го прими орденот „Александар Невски“, дека на улиците низ Белград го чекаат огромен број на граѓани.

– Добив информација дека на улиците низ Белград веќе има 30 илјади луѓе кои дошле да ве поздрават, а уште луѓе и пристигнуваат, му рече Вучиќ на Путин.

На чело на колоната граѓаните носат транспрент „Еден од 300 милиони“, транспаренти со сликите на рускиот и српскиот претседател, како и „Србија-Русија вечни пријатели“.

makfax / a1on