Голот на Манасков меѓу уши, најдобар на натпреварот …

Македонската репрезентација не успеа да ја оствари целта со која беше дојдена на СП и ќе мора да се бори во Президент Купот и да разигрува за пласман од 13 до 16 место.

Во последниот натпревар од групната фаза, нашите момци загубија од Исланд со 24-22, а веројатно како сеќавање од овој дуел ќе остане само погодокот на Дејан Манасков во финишот.

Во 59. минута тој стрелаше скоро од мртов агол во голот на одличниот Густавсон за 22-23, но потоа Исланд погоди и шансата за камбек отиде во неврат.

Погледнете го погодокот на Манасков….