И покрај луксузната колекција, Мурињо сé уште го чува својот прв автомобил (ФОТО)

Taratur.com

Жозе Мурињо е еден од најплатените тренери во светот и во својата гаража има луксузна автомобилска „ергела“, а а најчесто вози Бентли или Јагуар.

Мурињо дури на подарок од претседателот на Челзи, Роман Абрамович, добил Ферари од 250.000 фунти.

Сепак, и покрај луксузните автомобили кои ги има, Португалецот не го заборава својот прв автомобил. Станува збор за „Рено 5“, кој му го купил татко му во 1981 година кога положил возачки испит.

„Се сеќавам кога татко ми ми купи Рено 5. Имав 18 години и штотуку добив возачка дозвола. Беше сива боја и беше најдрагиот автомобил што некогаш сум го имал. Денешните автомобили се вселенски бродови за оние порано, но тие некако имаа душа”, изјави Мурињо.