Каракамишева му одговори на Османи

Вицепремиерот Бујар Османи и професорката Тања Каракамишева се фатија во костец за Законот за јазици.

Тој изјави дека според негово мислење нема смисла Законот за јазиците да се испрати на оценка во Венецијанската комисија, додека претставник на Македонија таму е професорката, Тања Каракамишева.

Тој јавно ја посочи како пречка затоа што вели влијаела на другите членови и тие не можеле објективно да одлучуваат за одредбите на Законот.

Османи додаде дека сепак ќе разговараат со своите коалициони партнери дали сега да го испратат Законот во Венецијанската комисија.

Професорката Тања Каракамишева му одговори на Османи.

„Бујар Османи денес на прес-конференција рекол дека Законот за јазиците не го пратиле до сега во Венецијанската комисија само затоа што јас сум била таму член?! Човеков со ноќна мора од професор Каракамишева мора да знае дека национален претставник нема право да гласа за мислење на закон што доаѓа од државата од која е испратен претставникот. Епа друже Бујар, знам каде ти лежи маката и болката. Паметните луѓе ги прашуваат паметните, секаде и секогаш! Така ќе биде и овојпат!, напиша Каракамишева.

Законот за употреба на јазиците, излезе во Службен весник без потпис од претседателот Ѓорѓе Иванов. Уставноста на овој Закон ќе треба да ја потврди Уставниот суд. Тој претрпе бројни критики дека е донесен на шверцерски начин.