Ќе помине ли Преспанскиот договор пред парламентарната комисија во Грција

Преспанскиот договор попладнево, со почеток околу 17:00 часот по локално време, треба да се најде пред членовите на Парламентарната комисија за надворешни работи во Грција, пренесува „Катимерини“.

Се уште е нејасно колку сесии ќе бидат одржани пред Комисијта да го проследи Договорот за гласање во Парламентот.

Собранискиот спикер, Никос Вуцис, во петокот изјави дека очекува Договорот да биде ставен на гласање до крајот на оваа недела.