Македонска некултура на плажа во Грција

Девојка со шешир на главата, уживала на лежалка и правела нешто што никако не смее да се прави на плажа. Многумина строго ја осудиле, а имало и такви кои ја бранеле.

Изгледа како сосема нормална сцена на плажа: прекрасно крајбрежје и тиркизно море во Пантелејмонас. Девојката била намачкана со масло за сончање, на галавата имала шешир и уживала читајќи книга. Меѓутоа, причината за оваа снимка е во нешто сосема друго. Таа на плажата правела нешто што ги згрозило туристите и ги натерало да му покажат на целиот Балкан, како една дама се грижи за чистотата на природата и местото на коешто летува.

Еден од момците кои се нашле во близина, одлучил да ја снима дамата, додека грицкала семки од сончоглед, а лушпите ги фрлала директно во песокот. Таа грицкала и уживала, а целиот отпад завршил токму под нејзината нога.

На снимката може да се слушне дека се работи за “дама Македонка” и дека тоа го прави “веќе половина час”. Дури и момците кои ја направиле оваа снимка, се пошегувале дека девојката ќе го земе нивното место, бидејќи нејзиното е веќе валкано.

Меѓутоа, во коментарите под видеото, има такви кои остро ја нападнале девојката, затоа што намерно го загадувала просторот околу себе, но исто така имало и такви кои тврделе дека посојат и полоши прекршоци на плажа, од овој.