Малагурски за “тепачката” во ЛИДЛ – Србија

Во соседна Србија деновиве се отворија Лидл маркети, по што имаше голема навалица, турканици пцовки меѓу луѓето за евтино пилешко месо.

Бидејќи одредени производи се со намалени цени се создаде хаос на влезовите.

„Полека луѓе, има пилешко за сите“, довикуваше вработен во една од продавниците во Белград.

Во 12 градови во Србија вчера германскиот трговски ланец Лидл ги отвори своите први 16 супермаркети.

„По 18 години конечно се приближуваме кон Западот, конечно почнавме да се туркаме, газиме и судираме меѓусебно за артикли во продавниците, како на отворањето во Лидл. Со таа разлика што луѓето на Запад се тепаат за да заштедат на скапи производи, а ние за евтино пилешко. Ова е огледалото на нашето општество и држава, во која луѓето се тепаат за да преживеат“, искоментира режисерот Борис Малгурски.

Маркетите се отвораат по повеќе од половина година чекање, а вработените кои ќе работат во Лидл пред месец дена почнаа со обука.

фото Дневно.рс