Наградно прашање, на кого попрво ќе му пукне воденикот: Тамара позираше со Игор

Македонската пејачка Тамара Тодевска на својот Инстаграм профил објави фотографија која речиси ги насмеа сите нејзини следбеници.

Станува збор за фотографија на која пејачката позира заедно со Игор Џамбазов, а во преден план се нивните стомаци.

Бремената пејачка под фотографијата постави наградно прашање: На кого попрво ќе му пукне водењакот?, праша пејачката.

Фотографијата стана хит, а за само два часа собра близу 4 илјади лајкови, погледнете:

Инаку, пејачката неодамна во медиумите, во едно интервју Тодевска откри дека нејзиниот син ќе се вика Дарен.

Тамара беше активна трудница така што до неодамна настапуваше во регионот, но и ја сними својата песна „Довидување таго“.

Меѓутоа, Тамара се повлече од музичката сцена и деновиве ужива во својата бременост. Иако на музичката сцена нема да биде активна одреден период сепак е активна на социјалните мрежи.

Така, на својот „Инстаграм“ често знае да објави фотографии од нејзините секојдневни активности или од нејзината ќерка Хана.

Тамара сега на „Инстаграм“ сподели фотографија на која покажа како ќе изгледа креветчото на нејзиниот наследник. Преовладуваат црно – жолта комбинација, а според пишувањата на пејачката ова комплетче е идеално за бебето Дарен.

Инаку, Тамара и Александар ја имаат ќерката Хана која има две години.