Никола треба да објасни

НИКОЛА И ЧЕСНИТЕ ПРЕДАВНИЦИ

Промените што се случуваат во ВМРО-ДПМНЕ се внатрешна работа на партијата.

Но, нејзините членови 11 години формираа влада која декларативно ги штитеше државните и националните интереси, за кога се во опозиција да учествуваат во национално предавство.

Ако гласале врз основа на сопствените убедувања, а сите тие се чесни луѓе и мораме да им веруваме кога тврдат дека е така, логично е да претпоставиме дека тие свои убедувања ги направиле јавни, бидејќи чесните луѓе така постапуваат, кога биле ставени на партиските листи за да влезат во собранието.

Никола е тој што треба да објасни, зошто се во собранието луѓе, чии убедувања се не само против волјата на народот, туку поддржуваат национално предавство?

Никола има морална обврска пред македонскиот народ, да ја објасни улогата на партијата која тој ја водеше и мотивите за предавство на луѓето кои тој ги бираше.

Лидерот го докажува лидерството во моменти на криза, а личниот интерес или страдање, мора да им отстапи место на интересот и страдањето на народот.

Горазд Росоклија