По изминати 20.000км: Се држиме до позитивноста на идејата да го гушнеме Светот

Силве и Тони се на пат околу Светот, веќе поминаа 20.000 километри и со нас ги споделуваат првите впечатоци.

Најпрво сакаме да ги поздравиме сите љубители на моторите преку овој сајт.

За идејата да се гушне светот патувајќи со мотоцикл, и за хронологијата како сето ова започна, посетете ја нашата страница “Гушни го светот – Македонија“, а сега, прв пат на овој сајт, ви испраќаме телеграфски извештај, и се надеваме дека овој популарен мотоциклистички портал ќе ни овозможува и понатаму да ги споделуваме со вас нашите искуства.