Погледнете каква невеста беше Лора, ќерката на Сузана Турунџиева

Пред неполн месец, ќерката на познатата пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева се вери со своето момче Филип Наунов, а објави и фотографија од венчавката.

Изгледа дека на младите им се брзало да стапат во брак, па го одбраа вчерашниот датум Успение на Пресвета Богородица како ден за стапување во брак.

Лора Турунџиева објави слика на својот Фесјбук профил, на која се гледа дека парот изгледа прекрасно, вљубено и среќно.

Прекрасното видео од запросувањето го објави Филип Наунов кој е сопругот на Лора.

https://www.facebook.com/filip.naunov/videos/2214380835256090/

Убавата вест на социјалните мрежи ја сподели и пресреќната мама Сузе која напиша дека во животот постојано брзо и се случуваат нештата, па и ова.

– Чудно но вистинито, останав без зборови – вели Сузе. „Им посакувам љубов, голема чиста и долговечна, каква јас никогаш немав. Нека им даде Бог се што ми зеде мене. Филип е прекрасно момче и да имав син ќе беше како него.“, изјави Турунџиева тогаш.

Лора му е единствената ќерка, кои се синовите на Маленко?

Поранешниот македонски пливач и актуелен претседател на пливачката федерација на Македонија, Александар Маленко, сѐ уште се нема огласено по запросувањето на неговата единствена ќерка Лора која ја има од бракот со познатата пејачка и водителка Сузана Турунџиева.