Поради санација на пруга, Германија гради живеалиште за гуштери од 15 милиони евра

makfax.com.mk

Во Штутгарт, Германија, во моментот во изградба е живеалиште за гуштери, кое ќе чини 15 милиони евра. Повеќето од овие средства ќе бидат обезбедени од страна на германските даночни обврзници.

Потребата од изградбата на живеалиштето за гуштерите се појавува поради проектот „Штутгарт 21“ во чии рамки е изградбата на железничка станица.

Заштитениот вид ѕидни гуштери живеат во подрачјето, односно помеѓу пругите кои во рамките на милионскиот проект треба да бидат санирани.

Местото на кое ќе бидат префрлени животните опфаќа површина од 31.000 квадратни метрисе и наоѓа во Килесберг.