Познат идентитетот на загинатите македонски државјани во Србија

Press 24

Српските медиуми почнаа да го објавуваат идентитетот на загинатите лица во двата верижни судири на автопатот Белград-Ниш во кои животот го загубија најмалку 7 лица, а над 35 се повредени.

Според последните информации во несреќата животот го загубиле двајца македонски државјани. Како што јавуваат локалните медиуми, загинатите државјани на Македонија се Бурим Д. и Љуљдим Р. (1981) година.

Во несреќата животот го загубиле и Марија Чајетин (1985) од Белград, Петрик Јан роден 1983 од Војводина. Овие лица загинале во сообраќајката на патот Белград-Ниш.