Приказната за момчето кое стана татко на 13 години

Приказната за 13-годишното момче кое стана татко во себе ги носи сите елементи на ТВ сапуница – љубов, скандал, предавство, неочекуван пресврт, но и важна порака и предупредување.

Алфи Патен (13) во 2009 година стана татко на девојчето Мејси Роксен.

“Тоа беше лудо време. Кога ја држев Мејси во своите раце за прв пат беше неверојатно искуство. Бев премногу неискусен за да ги сфатам последиците од тоа што сум млад родител, но ми се допадна да ја држам во раце и веднаш ја засакав”, изјавил Алфи.

Мајката, Шантел Стедмен, имала само 15 години кога се породила со Мејси, а Алфи набрзо стана познат како најмладиот татко во Британија, со што медиумите не го оставаа на мира.

“Каде и да одев, луѓето знаеја кој сум јас. Не можев да го напуштам својот дом со недели. Не посетував ни настава”, наведува младиот Патен.

Новинарите поставувале најразлични прашања, а едно од нив било и дали ќе може финансиски да ја обезбедат својата ќерка, на што Алфи одговорил – а што се тоа финансии?

Во меѓувреме, неговата мајка била очајна бидејќи не можела да поверува како нејзиниот син, кој немал ни измутиран глас, може да стане татко. Исто така, кога го прашувала како дошло до сето тоа, тој одбивал да одговори, по што таа почнала да се сомнева.

Мајката на Алфи инсистирала да се направи ДНК тест, бидејќи и две момчиња од соседството изјавиле дека постои можност тие да се родители на детето. Затоа, таа инсистирала да се направи тест и конечно се случило тоа – тестот покажал дека Алфи сепак не е таткото. Таа информација потполно го повредила.

“Плачев со денови и едвај ја напуштав својата соба. Ситуацијата додатно се влоши бидејќи никогаш повеќе не ја видов Мејси затоа што Шантел и нејзиното семејство се преселија штом дознаа дека не сум таткото”, изјавил Пател.