Прочистете го вашето тело: Ако луѓето знаат што сѐ може, секојдневно ќе го консумираат ова семе

Семките од тиква уште одамна се познати како доста здрава храна. Најпрво, семките од тиква содржат микроелементи на цинк, кој е од особено значење за здравјето на мажите. Покрај тоа, содржат и витамин Е, кој е природен антиоксиданс. Семките од тиква се доста добар извор на минералите на фосфор, магнезиум, манган, и железо.

Семките од тиква и здравјето
Околу 60 грама семки од тиква содржат скоро половина од препорачаната дневна количина на магнезиум, што учествува во широкиот спектар на витално важните физиолошки функции, вклучувајќи ги создавањето на ATP (аденозин трифосфор, енергетски молекули), синтезата на РНК и ДНК, работата на срцето, за коските и забите, ги релаксираат крвните садови и осигуруваат правилна работа на цревата. Семките од тиква се богат извор на цинк, што е важно за имунитетот, растот и делбата на клетките, сонот, расположението, сетилото за вкус и мирис, здравјето на очите и кожата, регулација на лачењето на инулин и за машката сексуална функција. Семките од тиква се еден од најдобрите извори на омега-3 масна киселина која е доста значајна за здравјето.

Семките од тиква како лек
Испитувањата врз животните сугерираат дека семките од тиква може да ја подобрат регулацијата на лачењето на инсулин и да го спречат комплицирањето на дијабетесот со тоа што ќе го намалат оксидативниот стрес. Семето од тиква е богато со природни фитоестрогени и студиите сугерираат дека може да доведе до значително зголемување на добриот холестерол, заедно со намалување на крвниот притисок, топлината, главоболките, болката во зглобовите и другите симптоми на менопауза кај жените во зрелите години.

Семките од тиква се богати со здрави масти, антиоксиданси и влакна, може да обезбедат придобивки за срцето и здравјето на црниот дроб, особено кога ќе се помешаат со ленено семе. Тие се богат извор на триптофин, аминокиселини кои во вашето тело се претвораат во серотонин, кој пак, се претвора во мелатонин, хормон за сон. Доколку консумирате семки од тиква пред спиење, заедно со јаглехидрати како што се мало парче овошје, може да биде посебно корисно за обезбедување спокоен сон.

За чистење од паразити
Нашиот организам е полн со паразити, а за тоа не сме свесни – започнувајќи од вирусите и бактериите, габичките, па сѐ до некои протозои и црви (сплеснати, цилиндрични). Јајцата и ларвите на црвите достигнуваат во организмот по пат на консумирање недоволно зготвено месо, особено говедско месо, свинско месо, риба, потоа преку загадена вода, фекалии и кога ќе ве касне комарец. Паразитите и нивните ларви и јајца влегуваат во човечкото тело преку устата, анусот, носот или преку кожата, а поголемиот дел од нив се сместуваат во дигестивниот систем. Паразитите во организмот може да создадат голема штета, да ја загрозат здравствената состојба, да го ослабат имунолошкиот систем и да предизвикаат бројни болести. Како природно да го исчистите организмот од глисти и паразити? Семките од тиква против глистите и паразитите делуваат како вистински природен чистач.