Раша тудеј за неуспешниот референдум

Раша тудеј: Неуспешниот референдум во Македонија е удар за западните лобисти
Не изненадува тоа што западните лидери не успеаја да привлечат поддршка за референдумот во Македонија, велат експерти за Раша тудеј, што укажува дека заветот на Скопје да го игнорира резултатот и да продолжи со зачленувањето во ЕУ и НАТО е уште помалку шокантен.

И покрај тоа што мноштво западни високи личности отидоа во Скопје за да лобираат за овој чекор, повеќето Македонци решија да останат дома за консултативниот референдум во неделата, со кој ќе се отвореше вратата за членство во ЕУ и во НАТО.

Премалиот одѕив, заедно со владината пркосна заложба да се продолжи со промена на името и покрај нејзината непопуларност, ја истакнува длабоката поделба меѓу народот во земјата и нејзината политичка елита, велат аналитичарите за РТ. Тие рекле дека лошиот резултат е удар за западните лидери и високи функционери што ја посетија земјата пред гласањето.

Освен што неверојатно нискиот одѕив претставува неочекуван неуспех за Заев, тој е исто така пораз за неговите западни спонзори, вели Елена Гускова, директорка на Центарот за модерни балкански кризни студии на Институтот за словенски студии при Руската академија на науките.

Брисел и Вашингтон вложија огромни напори за да го направат што е можно повозможно влегувањето на Македонија во европскиот блок и во фамозната напаѓачко-одбранбена алијанса. Само во изминатава недела македонскиот главен град го преплавија западни достоинственици, меѓу кои и германскиот министер за надворешни работи, Хаико Маас, американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис и шефицата за надворешна политика на Европската Унија, Федерика Могерини. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, австрискиот канцелар Себастијан Курц и германската канцеларка Ангела Меркел, исто така, оддадоа почит претходно месецов.

Прозападниот македонски премиер се потпре на помошта од Вашингтон и Брисел да го протурка референдумот и да го реши спорот за името со Атина, вели Гускова.

„На Западот многу му е важно да го отплетка овој јазол и да го отстрани влијанието што Русија потенцијално може да го изврши во Македонија. Затоа (Западот) толку многу се стремеше овој референдум да успее“.

Иронично, вели Раша тудеј, секретарот за одбрана Матис ја обвини Москва за мешање во внатрешните работи на Македонија за време на својата посета во Скопје, а веќе се појавија обвинувања дека Русија „се обиде да ги спречи Македонците да излезат на гласање“.

„Тие де факто ја обвинуваат Русија за слабиот одѕив“, истакна Гускова, додавајќи дека „понижувачката“ промена на името е вистински мотивирачки фактор зад референдумскиот резултат.

Префрлањето на вината, исто така, може да биде мотивирано од повредената гордост: ненадејниот и интензивен интерес на Западот за Македонија (на пример, посетата на Меркел беше првпат некој германски канцелар да дојде во земјата) се чини дека не постигна многу освен што го нагласи јазот помеѓу лидерите на земјата и нејзиниот народ, вели рускиот медиум.

„Постои огромна разлика помеѓу политичката елита во поранешната југословенска Република Македонија и нејзиниот народ“, вели за РТ Ставрос Маврудес, професор по политичка економија на Економскиот факултет при Универзитетот на Македонија. „Политичката елита во Скопје им е потчинета на западните сили – ЕУ и САД. Тоа создава јаз“.

Како и големиот број други „консултативни“ референдуми што беа искористени за да се запечати членството во ЕУ и НАТО во изминатата деценија, се чини дека волјата на народот може да се игнорира кога политичката елита ќе одлучи дека влогот е премногу голем, заклучува Раша тудеј.

MKD.MK