Што ќе му се случи на вашиот организам ако секој ден пиете пиво ?

Пивото е еден од најстарите и најпопуларните алкохолни пијалаци, а и омилениот на милиони луѓе ширум светот. Но, запознаени ли сте со неговите ефекти врз човековото здравје?

Пивото е богато со протеини и витамин Б, а во својот состав има подеднакво антиоксиданси колку и виното. Хмељот, главната компонента за подготовка на пиво, содржи флавоноиди, а исто така е и добар извор на минерали, кои играат важна улога во многу метаболички процеси.

Се секојдневно консумирање во умерени количини, пивото може во голема мера да го подобри вашето здравје:

1. Пивото го одржува здравјето на бубрезите. Една чаша пиво на ден ја смалува веројатноста за болест на бубрезите за дури 40 проценти, покажуваат резултатите од неодамна спроведеното истражување.

2. Растителните влакна во неговиот состав ги намалуваат нивоата на ЛДЛ холестеролот и заштитуваат организмот од појава на кардиоваскуларни болести.

3. Пивото е богато со витамините Б1, Б2, Б6 и Б12, што дефинитивно го зголемува нивото на витамин Б во телото. Содржи 30% повеќе витамин Б6 од сите други извори, но и големо количество од реткиот витамин Б12.

4. Според друго научно истражување, високото ниво на силикон во пивото ги зајакнува коските.

5. Пивото содржи лактофлавин и никотинска киселина, двете состојки кои го подобруваат сонот и лекуваат несоницата.

6. Резултатите од истражувањата потврдуваат и дека умереното пиење пиво го редуцира ризикот од срцев удар за неверојатни 40 до 60 проценти.

7. Пивото е одличен пијалак за превенција од згрутчување на крвта.

Пивото исто така има и високо ниво на енергетска содржина, во споредба со доста други продукти, но секако дека мора да се постават некои граници: од едно ќе ви биде супер, но од 4-5 – не баш, од повеќе аспекти.

Ако се грижите за дехидратацијата, имајте предвид дека пивото е 93% вода, а според едно шпанско истражување, кога се потите или кога сте на сонце, може да ви овозможи подобра хидратација и од водата.

Со сето ова на ум, за какво пивце се одлучивте? Веројатно светло, иако темното е подобар избор кога е во прашање здравјето. Темните пива содржат антиоксиданси кои помагаат да се поправи штетата на клеточно ниво која природно се случува во телото, а исто така содржи и поголем процент на железо и минерали кои му се потребни на телото.

Исто така, кога и да имате прилика, напијте се домашно пиво: поздраво е од конзервираното во масовната продукција, бидејќи содржи повеќе хмељ, во кој пак има полифеноли кои помагаат при намалувањето на холестеролот и убивањето на вируси.