Словенија вработува пензионери

kanal5.com.mk

Словенечката Влада размислува за субвенции со цел да мотивира што е можно повеќе невработени и пензионери да се вклучат на пазарот на труд.

Иницијативата доаѓа по круитиките дека е полесно да се добива социјална помош или надомест за невработеност и да не се работи ништо.

,, Се шокирам кога ќе слушнам дека во Словенија не се исплатува да се работи и многу жалам што претходната Влада не успеа да го направи пофлексибилно законодавството за работните односи.” , рече министерот за економија , Здравко Почивалшек.

Поради недостаток на работна сила , Словенија мора да ја увезува. Тоа е и причината за помалиот раст на БДП од планираниот. Годинава во Словенија се регистрирани 74 илјади лица , но минситерот смета дека најмалку 20 000 од нив би можеле да се вработат веднаш.

Висината на минималните животни трошоци во Словенија годинава е проценета на 441 евра , додека социјалната помош е зголемена на 331 евро. Минималната плата во земјата изнесува 638 евра.

Според податоците од заводот за статистика , во Словенија во моментов се вработени речиси 70 000 странци , меѓу кои најбројни се од Србија , БиХ, Македонија , Косово и Хрватска.