Станува збор за сок од цвекло и моркови, а ако ви е мака при самата помисла на комбинацијата од овие две намирници во течна состојба, не сте единствени.
За овој сок се вели дека е магичен – и не е наменет само за оние кои имаат здравствени проблеми.
Овој сок се користи доколку се чувствувате преморено, немате енергија и сте депресивни.
Состојки:
– 1 кг цвекло,
– 1 лимон,
– 1/2 кг моркови,
– 3 портокали,
– 3 јаболка,
– мед
Подготовка: Сите состојки едноставно исчистете ги и ставете ги во блендер. Ќе добиете сок со црвенкаста боја, кој потоа можете да го распоредите во шишиња или тегли (би било идеално да не стои во пластика) и да го чувате во фрижидер. Сокот дава најдобри резултати ако се пие наутро, на празен стомак, и тоа половина чаша.
Доколку го пиете овој сок секојдневно, за десет дена ќе почувствувате неверојатна промена, ќе бидете поенергични, а и порасположени.