Српскиот претседател со пресладок подарок за Путин (ВИДЕО)

Малиот шарпланинец по име Паша, кого српскиот претседател Александар Вучиќ му го подари на својот руски колега Владимир Путин, заминува за Русија.

Тримесечното кученце е целосно исчистено и средено, пишуваат српските портали.

Познато е дека Путин обожава кучиња и дека неколку државници досега му имаат подарувано кучиња од раси што се симбол на нивните земји.

makfax