Ти го мислиш продавач на пазарче, тој агент на Путин: Кој ќе го чува рускиот претседател во Србија?

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин ќе престојува утре во официјална посета на Србија, а со него во соседната земја доаѓаат и луѓе кои се грижат за безбедноста на рускиот претседател, 30 најблиски обезбедувачи од Федералната служба за обезбедување. Путин ќе го чуваат и повеќе од 5 000 српски полицајци.

Инаку, специјалците на ФСО делуваат во најстрога тајност, а таа агенција е позатворена дури и од ФСБ која ја наследи познатата КГБ. Припадниците на ФСО често ги нарекуваат духови а медиумите изнесоа разни нагодувања за нив, вклучувајќи го и тоа дека во своите редови имаат двајца двојници на Путин.

Интересно е тоа дека за тие луѓе никогаш не би претпоставиле со што се занимаваат, а би можеле да бидат и трговци, продавачи на овошје.

Меѓу оние кои се грижат за Путин се високоистренирани командоси, за кои ниту нивните семејства не знаат со што се занимаваат, стотина агенти, лично обезбедување , персонал и личности со специјални задачи, како готвачи и дегустатори на храна.

Повеќето од тие луѓе се целосно невидливи дури и кога Путин оди во официјална посета на некоја земја, бидејќи многумина од нив заминуваат таму и по неколку месеци претходно го испитуваат теренот.

Долж патеката по која ќе помине Путин, освен униформирани полицајци, ќе бидат распоредени и 500 припадници на српското МВР во цивилка, како и 250 агенти на БИА. Целата патека по пат ќе ја обезбедуваат снајперисти кои ќе следат можни опасности по рускиот државник.

Интересно е дека изгледот на обезбедувањето на Путин е строго пропишан и тие мора да бидат барем 20 цм повисоки од него, но истовремено да не бидат упадливи.

Авионот на Путин низ воздушниот простор на Србија до аеродромот Никола Тесла ќе го обезбедуваат „миговите“ на Војската на Србија. Според протоколот, на аеродромот ќе го дочека претседателот Александар Вучиќ, па двајцата претседатели би требало заедно да се упатат на местото каде почиваат ослободувачите на Белград.

После тоа, на Путин ќе му биде приреден свечен дочек пред Палатата „Србија“, со гарда и интонирање на химните на двете земји. На патот до салата за состаноци, рускиот претседател во друштво на српските колеги ќе ја посети изложбата на „Српско-руските врски во документите на Архивите на Србија од 1804 до 1918 година“.

Посетата би требало да биде завршена со обиколка на Храмот Севета Сава каде на Путин и Вучиќ ќе им се придружи и патријархот Иринеј.

Faktor.mk