ВИДЕО – Груевси на шопинг

Експремиерот Никола Груевски вчеравечер бил на шопинг во трговски центар во Будимпешта.

Како што објави порталот „444.ху“, во времето кога Груевски бил снимен, продавниците веќе биле затворени, а трговскиот центар бил празен, но на снимката се гледа како Груевски во раката носи хартиена кеса.

Читателот кој го испратил видеото искоментирал дека Груевски смирено се движел низ трговскиот центар, а во негова близина не биле забележани обезбедувачите.

Истрагата за бегството на експремиерот и по два месеци, се уште нема разлутат.

ВИДЕО

Бегалецот Никола Груевски повторно е фатен од унгарските медиуми. Овој пат, осудениот екс-премиер беше забележан во трговскиот центар во Будимпешта.

Порталот објави дека поранешниот премиер осуден за корупција „мирно се шетал во саботата навечер, кога трговскиот центар почнал да се празни, а продавниците да се затвораат“.