ВИДЕО: Путин се обрати на српски

Рускиот претседател Владимир Путин попладнево го посети храмот Свети Сава во Белград, каде што огромен број на граѓани беа собрани за да го поздрават.

Путин заедно со патријархот Иринеј и српскиот претседател Александар Вучиќ симболично поставија делови на мозаикот од Исус Христос, а потоа се потпишаа на моделот на внатрешното уредување на храмот.

По излегувањето од храмот Свети Сава, Путин се обрати пред собраните граѓани на српски јазик и им рече „Ви благодарам на пријателството“ (1:55:00 во видеото).

Според српската полиција пред храмот имало над 120 илјади граѓани.

a1on.mk