Заложничка криза во Келн

netpress.mk

Непозната личност држи повеќе лица како заложници во аптека на главната железничка станица во Келн, јавуваат германските медиуми. Според изјавите на сведоците, околу 13 часот се слушнале истрели, а потоа полицијата ја опколила областа.

Претпоставуваме дека во тек е заложничката криза „Мекдоналдс“ или во блиската аптека. Знаеме дека има жена заложник, но немаме повеќе детали, изјави портпаролката на полицијата за Ројтерс

Билд објави дека екипите за борба против тероризмот пристигнале на терен .

Полицијата бара од граѓаните да не објавуваат видеоснимки и фотографии за да не ја загрозат работата на полицијата, а според најновите информации засега нема мртви.