Зијадин Села за понудата на Заев за помирување: Не си цар, туку премиер

emagazin.mk

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села се огласи на Фејсбук, за повикот на премиерот Зоран Заев за помирување и простување за насилството во Собранието од 27. април.

Тој за време на насилството се здоби со најсериозни повреди.

„Не знам дали премиерот Зоран Заев имал семејни или лични проблеми на 27 април кога денеска пружа рака за помирување.

Ако тој мисли за случувањата на 27. април во Собранието, тогаш треба да знае дека не е над институциите и правдата. Тој е избран за премиер на државата, а не за цар“, напиша Села.