Знаете ли што покажува стрелката покрај ознаката за гориво на инструмент таблата?

Можно е никогаш да не сте ја забележале иако ја има на речиси сите инструмент табли на автомобилите во светот.

И да знаете за неа, тешко дека некогаш сте се запрашале за што служи малата стрелка на делот кој не информира за количината на гориво во резервоарот.

Може да биде на левата или на десната страна од симболот во облик на апарат за точење гориво. Токму таа положба ја оправдува целта на постоењето на оваа стрелка.

Таа покажува на која страна во колата се наоѓа поклопот од резевоарот од каде точите гориво во автомобилот.

Делува дека функцијата е поприлично бесмислена (кој не го знае толку својот автомобил, па да не знае од која страна се полни гориво?), меѓутоа во некои случаи знае да биде многу корисна. На пример, ако изнајмувате автомобил или возите нечиј туѓ автомбил…

Прочитајте и трик кој нема да ви го кажат на бензинска – Еве како до повеќе гориво за помалку пари

Доколку сакате да заштедите на гориво, еве неколку совети како тоа да го направите

Не точете до врв

Оној момент кога дршката за бензин ќе кликне и ќе престане да точи гориво во резервоарот, вашиот автомобил добил точно толку гориво колку што собира. Нема потреба да ја стискате рачката повторно, за да дополните. Тоа гориво ќе се разлее и моторот нема да го потроши, а вие ќе го платите.

Добро затворете го резервоарот

Бензинот ќе испари, ако има доток на воздух. Поради неисправни капачиња, годишно во воздух испаруваат 540 милиони литри гориво.

Одржувајте го моторот

Автомобил кој не поминал еко тест или има истрошени или неисправни свеќици може да троши и до 30 отсто повеќе.

Користете квалитетно масло​

Доколку употребувате масло кое го препорачува произведувачот на автомобилот може да заштедите 1 до 2 отсто на гориво.